Daily news
Рамос и Марсело: Сакаме да го освоиме Суперкупот
Капитенот и неговиот заменик Серхио Рамос и Марсело ја отворија прес конференцијата на Реал Мадрид во пресрет на утрешниот дуел во Суперкупот на УЕФА. Двајцата се дел од оние фудбалери кои во последните четири години освоија три титули во Лигата на шампионите.
„Секогаш кога ме прашуваат за капитенската улога велам дека сум горд и дека е привелегија да си капитен на Реал. Утре повотрно имаме средба со историјата, имаме можност да освоиме уште еден трофеј кој ќе им го посветиме на нашите навивачи. Се надевам дека ќе го однесеме трофејот во Мадрид“, рече Серхио Рамос.
„Во ова финале ќе играме со многу енергија и мотивинарост и не е важно кој е противникот. Со нив игравме во претсезоната, но ова е различен натпревар, ќе се бориме до крај. И покрај резултатите имавме добра претсезона. Со нетрпение го очекувавеме овој натпревар. Ќе дадеме се од себе да го освоиме овој трофеј“, се надоврза на одговорот на Рамос, неговиот заменик Марсело.
Во тимот на Реал е и Кристијано Роналдо, иако тој во тренажен процес е само два дена. Според шпекулациите, поради недоволната физичка подготвеност на Герет Бејл, Роналдо ќе го започне мечот во Скопје.
„Кристијано е важен играч за нашиот тим. Важно е да е тука без оглед на тоа колку тренирал. Техничко прашање дали тој ќе игра или не“, рече Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
