Контакт

Daily news

Ренато Баретиќ: Левичарите пишуваат подобра книжевност

Објавено пред

Хрватскиот писател и влијателен колумнист, чии романи се меѓу најчитаните во регионот, во интервју за „Макфакс“ за себе вели дека е голем дрдорко кој знае да зборува со часови и часови, но кога прошетал низ центарот на Скопје не можел глас да пушти – се чувствувал „овердозиран“ од кич. Од друга страна, старата чаршијата му изгледа како турбо-провинција, а е во центарот на градот!

dobivaj vesti na viber

Овој јуни, во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“ (во организација на издавачката куќа „Готен“, под покровителство на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“), во Скопје престојува хрватскиот писател Ренато Баретиќ (54), роден загрепчанец кој не може да живее без море, па пред четврт век се преселил во Сплит.

Живее исклучиво од пишување, најпрвин како новинар, кој изминативе две децении стана еден од највлијателните колумнисти во водечките дневни весници и неделни магазини („Вечерњи лист“, „Слободна Далмација“, „Глобус“, „Национал“…). Со новиот милениум, пишувачкиот талент го „сели“ во книжевноста. Неговите романи „Осмиот повереник“, „Зборувај ми за неа“ и „Хотел Гранд“ се наградувани и преведени на неколку европски и балкански јазици, вклучувајќи го и македонскиот. „Осмиот повереник“ имал и успешна театарска поставка, а годинава се очекува и премиерата на филмот снимен според неговиот роман.

Баретиќ е и телевизиски и филмски сценарист (хит-филмот „Што е маж без мустаќи“ носи негов потпис), копирајтер… Од 2007 е уредник на програмата на книжевниот фестивал „Причигин“ во Сплит, а од 2012 го води практичниот дел од наставата во сплитската „Куќа за креативно пишување“.

„Порано повеќе се заработуваше од пишувањето за весници. Денес работам пет работи, за да заработам една просечна плата, невозможно е да се живее само од книжевност. Но, ја имам поволноста да работам дома, понекогаш во пижами и влечки, а многу често знам и да зготвам ручек за сопругата и двете деца“, вака Баретиќ ги „мери“ предностите и мааните на слободата на изборот и егзистенцијалните барања. Затоа четвртиот роман сè уште му „стои“ на 107-та напишана страница…

За време на својот престој во Скопје, Баретиќ работи на ракописот за театарската комедија „Хасан“, во која зборува за бегалците од Блискиот Исток и нашиот однос кон нив. Една од целите на неговиот престој е и активно присуство на книжевните настани во земјата, како и претставување пред македонската книжевна јавност.

 

 

Сплит и остатокот на светот

Не е чудно што Баретиќ го избрал Сплит како град за живеење.

„Кога некој патеписец би дошол на месец дена во Хрватска, со задача да напише репортажа, ако би се прашувал јас, би го оставил 15 дена само во Сплит бидејќи сè што би видел другите денови во Хрватска, и најдоброто и најлошото, веќе го видел во Сплит! Најдоброто и најлошото во хрватското општество, менталитет, уметноста, политиката… сето тоа е сконцентрирано во еден релативно мал град. Ја имав среќата уште како релативно млад човек да се запознам со неколку извонредни личности од Сплит, кои подоцна го направија култниот неделник ‘Ферал трибјун’, и кои секогаш беа ‘контраши’, но на креативен, а не на деструктивен начин“, Ренато ги разкажува мотивите за преселбата во Сплит.

Кога, пак, заедно со истомислениците го формирале книжевното списание „Торпедо“, чие правило било да објавува книжевни текстови исклучиво на новинари, сфатиле дека новинарите создаваат позанимлива книжевност, и проза и поезија, од „службените“ писатели.

„Кон крајот на деведесеттите години тргна цел еден бран на нов сензибилитет во книжевноста, кој покажа дека Сплит има најмногу книжевници по глава на жител. Тоа им даде силен поттик и на помладите писатели на почетокот на милениумот, па се утврди дека луѓето од новинарството создаваат одлична и интересна книжевност“, анализира Баретиќ.

Впрочем, освојувањето на книжевноста од страна на новинарите е процес кој, освен во Хрватска, се случува(ше) и во Србија, Словенија, Македонија…

„Постојат две објаснувања за овој феномен. Едното е мое, и изгледа вака. Замисли дека си чевлар, и цел живот правиш одлични, но само леви чевли од чифтот. Па, веројатно еднаш ќе ти текне да направиш и десен чевел, кој, можеби, ќе биде и подобар од левиот?! Но, најдоброто објаснување е на Борис Дежуловиќ. На истава дилема, тој одговори со контра-прашање: зошто меѓу ватерполистите има толку многу добри пливачи? Меѓу новинарите кои почнаа да пишуваат романи, раскази и песни нема лош, нема ниту просечен новинар. Сите ние веќе бевме препознаени како новинарски имиња со стил, триесет години се докажувавме пред читателите“, објаснува Баретиќ.

 

 

Идеологијата на ракописот

Од друга страна, пак, целиот тој нов критички интелектуален бран во новинарството, а потоа и во книжевноста од крајот на минатиот и почетокот на овој век е левичарски настроен.

„Кога интересот за јавното добро е поважен од интересот за личното добро – тоа за мене е клучната разлика меѓу левичарски и десничарски настроените интелектуалци. Левичарите, секако, спаѓаат во првата група. “, смета Баретиќ.

Тој е по четврти пат во Македонија, еднаш бил учесник и на Струшките вечери на поезијата, но сегашниот престој од месец дена во Скопје, за разлика од преходните во траење од ден-два, е поголема можност за опсервација на нашето општество.

Прашањето за „Скопје 2014“ некако станува задолжителен услов без кој не може да се води разговор со странците. Порано сите намерници од страна ги опсипувавме со прашањето како им се допаѓа нашата земја, нормално очекувајќи воодушевувачки одговор. Сега е обратно.

„Морам да признам дека не ми поставуваа прашања дали и колку ми се допаѓа, но при прошетките секогаш подналутено ми обрнуваа внимание – види го ова! Бевме на прошетка ни плошадот и отидовме на кафе во ресторанот во една од галиите во Вардар. Познат сум по тоа што сум голем дрдорко, можам да зборувам со часови, но на тоа место молчев најмалку пет минути! Не можев глас да пуштам! Кичот не е проблем за мене, туку количината на кич со кој е затрупан центарот на Скопје. Тоа е ‘овердоуз’ од кич на толку мал простор! Се чувствував како наркоман кој добил премногу чист хероин! Од таа пресилна доза, не знаев што да кажам. Во едно скорешно интервју реков дека најважно е да се бара трагата на парите, и сите дилеми во надворешната или внатрешната политика ќе исчезнат, нема идеологија во тоа. Меѓутоа, во овој случај, освен енормната сума пари што е потрошена за целиот тој кич, мислам дека се работи и за сериозен психички проблем во нечија глава. Можеби е од физиолошка природа, можеби само од психолошка, но тој кич не може да се направи само поради парите, колку и да имал корист од нив!“, смета Баретиќ.

 

 

(Т)умор од стиропор

Тој додава дека „Скопје 2014“ е апсолутен историски фалсификат, нешто како промена на ДНК на градот, пластично објаснувајќи го со клонирањето на генот од пајак уфрлен во ДНК на доматот, за побавно да скапува.

„Не знам како да кажам, а да не повредам никого. Најубавиот дел од градот е Старата турска чаршија, но на секои пет чекори низ неа гледате сиромаштија. Дуќанџиите би направиле подобро ако имаат пари. Чаршијата изгледа како турбо-провинција, а е во центарот на градот! Единствено можам да го пофалам амбиентот на Дебар маало. Сум престојувал на неколку резиденцијални програми, но морам да напоменам дека кога тргнав во Скопје, реков дека одам кај мои луѓе. Моето Скопје се луѓето, тие што ги познавав, и тие што сега ги запознав“, вели Баретиќ.

Минатата сабота, од прозорецот на станот во кој престојува, во центарот на градот, бил сведок на огнометот што го приредил ВМРО-ДПМНЕ за прославата на партиската годишнина.

„Огномет на дневна светлина!? Треба да бидеш малку луд, па да не почекаш само половина час, малку да се смрачи, па да направиш вистински огномет. Тој метафоричен половина час – тоа е тој расчекот во кој сега се наоѓа Македонија! Еднаш реков дека на Скопје му треба еден квалитетен и строго контролиран земјотрес, па зградите да го стресат барокот од своите фасади, а да нема потреба да се плаќа за тој процес“, дијагностицира Баретиќ.

Тој додава дека градот е како човекот, жив организам.

„Живиот организам мора да се шири нанадвор. Ако организмот се шири навнатре – тоа е тумор! Најмногу ме шокираше што тој македонизам е сконцентриран само во центарот на Скопје“, завршува Баретиќ.

Стојан Синадинов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ3 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија8 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија11 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија13 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија1 ден

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ1 ден

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...