Daily news
Ретро: СЈО на Златна Бубамара (ВИДЕО)
Биба Додева заедно со уште две колешки, преку музички и сценски настап ги имитираа трите обвинителки од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска на овогодинешното издание на Златна Бубамара на популарноста.
-Ние сме специјалки, ние сме генијалки, ние сме супер секси, ние сме пали гаси, пееше Биба Додева на вчерашната манифестација.
Додева, која беше во главната улога на вчерашната интерпретација за СЈО, исто така ја изимитира специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како стои пред МВР велејќи им на полицајците да ја отворат капијата за влез во Министерството./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
