Контакт

Daily news

РИА: Србија оди кон НАТО, а глуми обратно

Објавено пред

Властите во Србија одат кон членство во ЕУ и во НАТО. Официјален Белград, чие лице последните денови исклучиво е Александар Вучиќ, деновиве се постави во орбитата на интересите на Запад, поточно на ЕУ и НАТО, оценува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Агенцијата смета дека ЕУ и НАТО плански работат на вклучување на сите земји од Западен Балкан, а “пред се на Србија, чија нација се стреми кон Русија”, но “властите во Белград пловат на брод што оди во друга насока.”

Агенцијата потсетува дека министерот за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини се состана во Брисел со премиерите на шестте балкански земји, и главно достигнување притоа беше што го седна Вучиќ на иста маса со косовскиот премиер Иса Мустафа.

“За ЕУ, ова е нов чекор напред во меѓународното признавање на независноста на Косово и негово одземање од Србија, која и натаму го смета за своја територија“, пишува РИА.

Во коментарот се вели дека признавањето на независноста на Косово е главниот услов за влез на Србија во ЕУ и дека Вучиќ во неколку наврати изјавил дека не гледа втор пат за Србија.Според РИА во „свеста на Србите” НАТО и ЕУ се речиси идентични, така што “не се многу разбирливи статистиките според кои 79,4 отсто од граѓаните се против НАТО а 47,7 се за ЕУ”, поради што се верува дека овој однос е „разубавен“.

“Овој став треба да се разгледа во контекст на големиот број на тврдења дека Вучиќ ги држи под своја контрола медиумите и манипулира со јавното мислење”, се вели во коментарот. Притоа се нагласува дека средбата во Брисел не била првата на која функционерите на Србија биле “принудени” да комуницираат со лидерите на Косово и дека секогаш кога тоа се случува, тоа е „под притисок на ЕУ”.Се наведува дека “најострите критичари го нарекле Вучиќ предавник кој, во замена за членство во ЕУ, очигледно е подготвен да го жртвува правото на Србија правото на нивната историска земја Косово”.

“По преговорите со Могерини, хоризонтот на односите меѓу НАТО и Србија стана појасен”, смета РИА, додавајќи дека на црногорскиот премиер Душко Марковиќ му се испуштиле зборовите дека Србија презела позиција на воена неутралност и дека го поддржува влезот на Црна Гора во НАТО.

“Ова е многу индикативно”, заклучува во коментарот руската државна агенција, додавајќи дека Марковиќ го осветлил вистинскиот однос на Вучиќ кон Алијансата.

“Судејќи по се, Вучиќ “одамна ја води својата земја во НАТО, и покрај расположението на Србите”, кои го паметат бомбардирањето од Алијансата, пишува РИА.

Агенцијата потсетува дека српскиот парламент “речиси тајно” го ратификуваше договорот со НАТО (Договорот за статусот на силите) во 2015 година и дека со него Србија де факто станала членка на НАТО, со обврски, но без права. Крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Техеран му одговара на Вашингтон: „Имаме и други јазици освен дипломатијата“

Додека чекаше одговор на Иран на најновата закана на Трамп за соборувањето на американскиот воен хеликоптер, непосредно пред објавата на...

Свет5 часа

Лидерите на осум нордиски и балтички држави: Украина мора што поскоро да се приклучи на ЕУ и НАТО

Лидерите на осумте нордиски и балтички држави испратија порака од регионалниот состанок во Талин во вторник, поддржувајќи го „неповратниот пат“...

Свет5 часа

Трамп: Иран собори американски воен хеликоптер, САД мора да возврати

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската армија нападнала и соборила хеликоптер „Апачи“ на американската армија во близина на...

Македонија6 часа

Савески со директорот на Финансиската полиција: борбата против финансискиот криминал и корупцијата во фокусот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски...

Забава6 часа

Лето кое ќе го паметат со години: за три знаци, тоа ќе биде пресвртница во нивните животи

Често го поврзуваме летото со одмори, патувања и безгрижни моменти, но за некои хороскопски знаци може да донесе многу повеќе...

Спорт6 часа

Нан доби нестварна сума за да игра за Катар

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на...

Свет6 часа

Рускиот министер за одбрана: Америка да го повлече нуклеарното оружје од Европа

Руското тактичко нуклеарно оружје не претставува закана за Соединетите Американски Држави, изјави Андреј Белоусов, министер за одбрана и шеф на...

Спорт6 часа

Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан...

Македонија6 часа

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што...