Контакт

Daily news

Рок-музика на пијано – магнет за публиката во Ресен

Објавено пред

Учениците од Школата за пијано во Ресен, која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“, приредија прекрасно музичко освежување во Ресенскиот сарај. 18 учесници од Школата, која веќе неколку години успешно работи и обучува деца, чија определба е пијаното, ги врати присутните во времето на незаборавните класици на легендарните групи „Битлси“, „Пинк флојд“, „Шкорпион“, „Металика“ и други.

„Концертот на Школата за пијано е уште еден во низата многубројни настани кои ова лето во Ресен и Преспа ги организира оваа културна установа. Домот на културата „Драги Тозија“ во изминатите неколку години беше носител на огромен број културни настани, кои во минатото можеа само да се замислат во Преспа. Домот на културата стана храм на ликовни изложби, концерти, промоции на книги и ред други настани кои денес оваа институција ја доведоа рамо до рамо со другите домови и центри за култура во земјата, а Ресен не е повеќе место кое е маргинализирано од културните случувања во земјата. За тоа потврда е и синоќешниот концерт, кој го посетија над 400 лица“, истакна директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, Васко Василевски.

Како придружба на младите пијанисти од Школата за пијано при Домот на културата беше вклучена рок-групата „Реприза“ заедно со вокалистот Јовче Воденичаровски.

Во рамките на концертот на ученичката Лила Миљовска од Ресен ѝ беше доделено посебно признание поради неодамна освоената трета награда на седмиот меѓународен натпревар во пијано одржан во Гевгелија. Миљовска е во класата на уметничкиот раководител Гоце Милошевски од Школата за пијано во Ресен при Домот на културата „Драги Тозија“.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт5 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт6 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника9 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...