Daily news
Романија: Издадено предупредување за поплави
Романските власти издадоа предупредување за поплави во западниот дел од земјата поради обилните врнежи од дожд.
Националниот хидролошки институт издаде жолт аларм за реката Муреш на западот на земјата, а во предупредувањето се наведува дека обилните врнежи би можеле да предизвикаат поплави по должината на речниот брег.
Според прогнозите, се очекува поројните дождови на западот, северот и во централна Романија да траат до утревечер, а температурата ќе остане висока, со максимални 36 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
