Daily news
Рохани: Мирот на Блискиот исток е недостижен без Техеран
Претседателот на Иран Хасан Рохани денеска нагласи дека Техеран ќе продолжи со својата програма на балистичка ракета, нагласувајќи дека мирот на Блискиот исток не може да постои без помош на Техеран.
Неговата изјава следи како одговор по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во посета на регионот.Тој истакна дека не го разбира американскиот претседател и оти “не му е јасно што тој сака“. Тој го критикуваше состанокот на кој присуствуваше Трамп во Саудиска Арабија, нагласувајќи дека тоа нема да има ниту политички ниту практични вредности. Иранскиот претседател посочи дека „проблемот со тероризмот не може да биде решен со давање пари на супер силите“.В.Д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
