Daily news
Русија бара истрага на ОН за хемискиот напад
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил во четврток дека Москва очекува агенциите на Обединетите нации (ОН) за контрола на хемиско оружје да проведат темелна истрага за минатонеделниот хемиски напад во Сирија, пренесуваат светските агенции.
Лавров рекол дека инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје треба да ја истражат и сириската база за која САД тврдат дека го извршила нападот и селото Хан Шејхун, кое беше нападнато, за да добијат целосна и објективна слика.
Тој рекол дека Русија вложила вето на нацрт резолуцијата која беше предлжена од страна на западните земји, бидејќи во неа не се споменуваше потребата за да се истражат подрачјата на нападите.
САД за нападите ја обвинија сириската влада, но Русија тврди дека жртвите страдале од агенци кои во воздухот се нашле кога сирискиот авион го погоди складиштето за хемиско оружје контролирано од страна на бунтовниците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
