Daily news
Русија ги хакирала данските разузнавачки служби
Министерот за одбрана на Данска Клаус Хјорт Фредериксон тврди дека Русија во текот на 2015-та и 2016-та година ги хакирала данските воени служби и овозможила пристап до мејловите на вработените во тие служби. Извештајот за тоа е објавен во време кога неколку влади од западните земји, вклучително и САД, Франција и Велика Британија, ја обвинија Русија дека со хакирање се обидела да влијае на изборите во САД – што Москва, во повеќе наврати негираше, тврдејќи дека обвинувањата се неосновани.
Во извештајот, единицата за сајбер безбедност во рамки на данските воени разузнавачки служби, се наведува дека „странски актер“ шпионирал дански воени служби и добил пристап до документите кои не се под ознака „доверливо“.
И покрај тоа што во извештајот не е именувана држава, данскиот министер Фредериксон за весникот „Берлингск“ изјавил дека тоа било Русија. Според него, хакирањето на податоците било можно поради недоволната безбедност на мејловите кои содржеле податоци кои не се „доверливи“, што од тогаш е усовршено.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
