Daily news
Русија забрани увоз на црногорски вина, Црна Гора тврди дека е одмазда заради НАТО
Руската служба Роспотребнадзор забрани увоз на црногорски вина „Плантажe“, бидејќи во нив се пронајдени содржини на пестициди и пластика.
Федералната служба за надзор откри оваа година 24 партии на алкохолни производи „Плантажe“ во кои за време на контролата се откриени содржини пестициди и пластика, заради што овие производи се повлечени од пазарот.
Црногорските власти тврдат дека одлуката на Русија за забрана на увоз на црногорски вина има врска со приемот на Црна Гора во НАТО. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
