Контакт

Daily news

Руската адвокатка првпат даде изјава за состанокот со синот на Трамп

Објавено пред

Руската адвокатка Наталија Веселницкаја изјави денеска дека за време на минатогодишната претседателска кампања во САД била повикана во „Трамп кулата“ на состанок со синот на тогашниот републикански кандидат и сегашен американски претседател, како и дека од неа биле побарани информации за кампањата на Хилари Клинтон.

Веселницкаја за американската телевизија НБЦ рече дека непознат маж ја повикал преку телефон и дека ѝ рекол да се сретне со претставници на кампањата на Доналд Трамп, пренесува АП.

Руската адвокатка рече дека немала податоци за кампањата за претседателската кандидатка на американските демократи Хилари Клинтон, при тоа додавајќи дека никогаш не работеле за Владата на Русија.

Ова е нејзина прва изјава откако синот на американскиот претседател Доналд Трамп џуниор рече дека се сретнал со неа за да добие информации за тогашната ривалка на неговиот татко, Хилари Клинтон. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ11 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника17 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника23 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника26 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника30 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...

Црна хроника32 минути

Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава...

Црна хроника34 минути

Охриѓанец со стаклен предмет ја нападнал снаата

Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид. „Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко...

Црна хроника37 минути

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од...