Daily news
Руски брод потона во Црното море откако се судри со товарен брод
Најмалку 15 руски војници се водат за исчезнати откако руски воен брод се судри со товарен брод во водите на Црното море, објавија турските медиуми. Според информациите, 45 војници се спасени по инцидентот, а на местото на несреќата се упатени спасувачки чамци и хеликоптери.
Русија претходно потврди дека трупот на „Лиман“, дел од неговата Црноморска флота, се здобил со повреда, и дека се обидуваат да ги спасат сите членови на екипажот.
Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.Во тек е истрага на местото на инцидентот.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
