Daily news
САД го нарекоа Мадуро диктатор
САД воведоа судски и финансиски санкции без преседан за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој беше наречен крвав диктатор по изборите за уставотворно собрание во неделата.
– Нелегалните избори во неделата потврдија дека Мадуро е диктатор кој ја презира волјата на венецуелскиот народ – рече американскиот секретар за финансии, Стивен Мнучин, објавувајќи го замрзнувањето на сметките на венецуелскиот лидер.
Со воведувањето санкции за Мадуро, САД јасно потврдуваат дека се противат на политиките што ги води неговиот режим и изразуваат поддршка за народот на Венецуела, кој сака враќање на целосната демократија во земјата, додаде министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
