Daily news
САД најавија одговор на протерувањето американски дипломати од Русија
Вашингтон ги разгледува опциите за одговор на потегот на Москва за протерување американски дипломати. Американскиот Стејт департмент ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го намали американскиот персонал во Москва.
Путин вчера најави дека Москва ќе протера 755 американски дипломати и дека би можело да бидат воведени дополнителни мерки против САД како одговор на новите американски санкции против Русија.
Намалувањето на американскиот персонал Путин го најави за време на неделното телевизиско интервју за Руската државна телевизија, што, пак, ги зголеми тензиите меѓу двете земји и доаѓа веднаш откако во Конгресот беа одобрени новите санкции против Русија.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс во врска со ова изјави:
„Претседателот стави јасно до знаење дека руските дестабилизирачки активности, нејзината поддршка за непријателските режими и нејзините активности во Украина се неприфатливи. И претседателот јасно назначи дека наскоро ќе ги потпише санкциите од Конгресот на САД како зајакнување на тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
