Daily news
САД планираат да продадат половина од стратешките резерви на нафта
Белата куќа планира да продаде половина од националните стратешки резерви на нафта, за да го намали јавниот долг, во рамки на серијата измени предложени заради промената на улогата на федералната влада на енергетските пазари, пренесува Блумберг.
Со првиот предлог буџет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој делумно е претставен, предвидено е собирање на 500 милиони американски долари(УСД) во фискалната следна година од продажбата на нафта од стратешките резерви и дури 16,6 милијарди УСД од продажбата на нафта во следната деценија.
Со предлогот, исто така, се повикува на зголемување на државните приходи со тоа што би се овозможило дупчење во Арктикот.
Американските стратешки резерви во моментот содржат 687,7 милиони барели нафта на одредени локации во Тексас и Луизијана, а овозможуваат брза распределба на тој енергенс во случај на природни катастрофи или непланирани несреќни случаи, наведено е на страницата на американското Министерство за енергетика. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
