Daily news
САД ќе учествуваат во меѓународните преговори за климата
Администрацијата на Доналд Трамп предаде официјално известување до ОН дека планира да се повлече од Парискиот договор за климата, од 2015 година. Сепак, во документот се вели дека Вашингтон ќе остане во преговарачкиот процес.
Трамп одлучи да ги повлече САД од договорот, бидејќи, како што рече, со него се казнува Америка и им штети на милиони Американци што ќе ги загубат своите работни места.
„САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори и средбите посветени на климатските промени за да ги заштитат американските интереси и да обезбедат дека сите идни политички опции остануваат отворени за администрацијата на САД“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
