Контакт

Daily news

СВЕДОШТВО: Последната слика пред очите ми е како Калина и тројцата планинари одат кон врвот

Објавено пред


„Имаше силен ветер, не се слушаше ништо, а поради маглата, имаше многу слаба видливост. Групата планинари на 100 метри пред врвот, по наредбата за враќање назад, се упатија кон ски-лифтот. Последната слика што ми остана пред очите е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот на Кајмакчалан. Сè би дала да го вратам времето и да ѝ се развикам на Калина да не продолжува до врвот! Да се врати со нас! Таа нè чуваше на крајот од колоната, по цел пат предлагаше да се вратиме, но на крајот ненадејно одлучи да ги изоди последните кобни 100 метри до врвот“, сведочи Мирјана Календаровска за „Макфакс“, која беше дел од групата планинари кои со планинарското друштво „Трансверзалец“ на 10 и 11 февруари годинава заминаа во Грција, каде што се искачуваа на врвот на Кајмакчалан. За двајца од групата, оваа навидум рекреативна прошетка, заврши кобно. Калина Велевска и Александар Миновски, двајцата искусни планинари и вљубеници во природата, под неразјаснети околности се изгубија на планината, а по повеќечасовна потрага, беа пронајдени мртви и извлечени од тешко пристапниот терен.

По молкот на учесниците во турата по трагедијата што се случи, Календаровска е првата што одлучи јавно да проговори за сите стравови, предизвици и опасности со кои се соочиле планинарите што тој викенд беа на Ниџе.

Таа вели дека по подолга пауза, поради работата на брод, за време на престојот дома, одлучила со својата 19-годишна ќерка да оди на некоја не толку напорна тура за планинарење, во која, меѓу другото, друштвото нудело и релаксација во бањите во Лутраки.

„Да, бев со ќерка ми на Кајмакчалан. Калина одеше со нас при крајот на групата, ги гледавме последните тројца 10 метри зад нас дали се приближуваат. Калина ги довикуваше на секои 5 минути да побрзаат бидејќи сите ја следевме колоната нагоре. Имаше магла, слаба видливост, силен ветер со снег, кои боцкаа по лицето. Цело време си повторувавме – а да се вратиме или да ги стигнеме нагоре бидејќи веќе и за враќање надолу не се гледаше. На 100-ина метри од врвот бевме среќни дека целата група се враќа назад со првите што стигнаа на врвот заедно со Зоки Москито, кој веднаш викна по нас: „Готово, толку, нема да се оди на врвот, страшно е, исто вака изгледа, ајде назад сите!“, вели Мирјана.

Иако времето било ризично и се соочувале со голем студ и врнежи од снег, таа признава дека на моменти ѝ било криво што била толку блиску, а за само 100 метри искачување не успеала да го види врвот.

„Погледнав нагоре. Ја видов Калина како се договара нешто со уште тројца планинари – веројатно тоа беа Дени и Благоја, кои се вратија, и Александар, кој не се врати, за жал. Во моментот искрено си помислив – ете, тие може, а ние не можеме нагоре и си реков, ајде со ќерка ми Клара сум, да не си играм, да се вратам. Не знам дали Москито ги виде бидејќи тој на сите ни се обрати да се вратиме назад“, раскажува Мирјана за „Макфакс“.

Условите за искачување на планината дента биле исклучително лоши. Имало силен ветер, не се слушало ништо, маглата буквално обвила сè.

„Ние се упативме надолу, а последна слика пред очите што ми остана е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот. Едвај стигнавме до долу кај ски-центарот. Тогаш забележав дека Зоки Москито, водичот од ’Трансверзалец’, го нема и си помислив дека се вратил по нив кон врвот за да ги пречека. Објавив три слики на ’Фејсбук’ по симнувањето и од тогаш во 13.23 часот постојано мислев кога ќе се појават на вратата. Помина повеќе од еден час, почнав на другите од групата да им викам – дечки, ги нема Калина и Москито, ајде да пријавиме. Другите се согласија, но тогаш влезе Москито сиот воден и премрзнат и запраша: Каде е Калина? Се вратија ли?“, раскажува Мирјана.

Од тој момент започнала потрагата, пријавувањето на исчезнатите планинари… Следувала долга и мачна ноќ.

Мирјана планинари веќе седум години. Ова ѝ било прво искуство за планинарење со друштвото „Трансверзалец“. Од групата не познавала никого, освен Калина, која ја знаела само од социјалната мрежа „Фејсбук“.

Мирјана вели дека уште пред да тргнат ја проверувала временската прогноза. „Пред тргнување му се јавив на Зоки и рече дека ќе врне снег, ама дека дерези не мора да се носат, бидејќи успонот е благ. Јас зедов целосна опрема, но без дерези, оти искуството ми вели дека без тоа не треба никаде да се оди. А толку малку некогаш треба – една алуминиумска фолија некогаш може да помогне многу, верувам, да ја носеле со себе Калина и Александар, можела и животот да им го спаси. Фолија алуминиумска и јас немам, а од сега ќе носам и нема од ранец да ја вадам, а чини само 150 денари“, вели Календаровска.

Таа укажува дека дел од учесниците во турата биле несоодветно облечени и немале опрема за такви временски услови. За неа, грешката е направена уште на почетокот кога воопшто била донесена одлуката групата да тргне нагоре при такви ризични услови. „Потоа, се влегуваше од грешка во грешка“, се присетува Мирјана.

„Јас се зачудив уште на стартот зошто тргнавме кон врвот кога врнеше толку силен снег. Доста луѓе од групата не беа ни облечени со комплетна опрема за зимско планинарење. Искрено, беа како за прошетка на Водно, ама си помислив – ајде организаторот најдобро знае, тројца водичи има, јас да не се мешам“, сведочи нашата соговорничка.

Веднаш по несреќата, меѓу планинарите и на социјалните мрежи се рашири верзија дека наводно мајка и ќерка од групата останале заробени во црквата на врвот на планината и дека Калина и Александар, всушност, затоа и тргнале кон врвот – за да ги спасат.

Но, Мирјана вели дека тоа не е точно од едноставна причина што таа целиот пат го одела заедно со Калина, а на 100 метри пред врвот заедно со ќерката се вратила надолу.

„Се движевме некако до куќарката кај ски-лифтот по вијулици снег и магла. Јас заостанував бидејќи на ќерка ми ѝ беа нови чевлите, па потешко ѝ беше искачувањето. Дополнително беше тоа што досега не планинарела во вакви услови. Калина одеше со нас како трет водич на крајот од групата. Се зачудив кога се одлучи со уште тројца планинари да продолжи кон врвот. Двајца од нив се вратија, а Калина и Александар, едноставно, ги снемало во маглата…“, додава таа.

Според сведочењето на Календаровска, која своја изјава за случувањата даде и пред Федерацијата на планинарските спортови, која изготви извештај за трагедијата на Кајмакчалан, екипите од ски-центарот со ратраци трагале по исчезнатите.

„Ѝ ѕвоневме на Калина на телефонот и во 16 часот добија сигнал. Калина одговори на телефон дека се горе засолнати во карпа. Од тој момент до вечерта до 19 часот екипите ги бараа, не знам кога стигнаа до нив, можеби вечерта, а тоа се веќе девет часа како беа надвор на студот. Потоа никој веќе не одговараше на телефон, ниту водичот што беше со спасителите. Веројатно беше регистрирана нивната смрт и изутрината ги извлекоа нивните тела. Јавија дека се починати“, вели Мирјана. Таа е децидна дека Калина немала радиостаница со себе бидејќи тие пешачеле заедно еден и пол час и за тоа време никој ниту ја побарал ниту Калина употребила радиостаница за да контактира со другите во групата.

„Имаше многу грешки, но и планината е непредвидлива. Една недела по несреќата, јас сè уште не можам да се помирам што никој не успеа да ги спаси Калина и Александар“, вели Мирјана, сведок на случувањата на планината Кајмакчалан, која зеде два млади живота.

Даниела Трпчевска

 

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Daily news

Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Објавено пред

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.

Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.

Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.

Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Грчкото МНР: Хан да не дава погрешна слика за преговорите за името

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение го повика еврокомесарот Јоханес Хан да не создава погрешна слика за спорот за...

Македонија11 час

(Видео) Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

(Видео) Формирана групата „Охрид“ за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, изјави дека е составена...

Македонија12 часа

(Видео) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, но сега е пред портите на ЕУ и НАТО

Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а...

Македонија13 часа

Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан...

Македонија16 часа

(Видео) Сервер: Можеби звучи болно, но македонскиот пат за НАТО и ЕУ минува преку Атина

Познавачот на Балканот, Даниел Сервер, на седницата на Комисијата за eвропски прашања пред присутните истакна дека САД сака сите земји...

Македонија17 часа

(Видео) Тунтев: Неизвесно е дали ќе има решение за проблемот со Грција

Во Македонија се вратија надежта и перспективата за развивање општество, вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого извештајот од...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Премиерот Зоран Заев преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за почнување преговори за членство во...

Македонија17 часа

(Видео) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и...

Македонија17 часа

(Видео) Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори, истакна Артан...

Свет18 часа

(Видео) Напаѓачот од Торонто барал од полицајците да го застрелаат за време на апсењето

Агентите кои го истражуваат нападот со комбе во Торонто, во кој во понеделникот беа убиени 10, а повредени 15 лица,...

СЈО18 часа

(Видео) Тачи и Мијалков се сретнаа во судница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков се сретнаа во судницата на кривичниот...

Македонија20 часа

Заев домаќин на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата...

Свет20 часа

Уапсен напаѓачот кој прегази десет луѓе во Торонто

Возачот кој со комбе прегази десетмина пешаци во Торонто е приведен. Според последните информации, станува збор за 25-годишниот Алек Минасиан....

Македонија21 час

Димитров ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на...

Македонија2 дена

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија2 дена

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија2 дена

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија2 дена

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија2 дена

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Досие