Контакт

Daily news

Свеста за затрупувањето со отпад расте, но не доволно

Објавено пред

Граѓаните сè повеќе се загрижени и свесни за проблемите со животната средина но времето на клучните промени во оваа насока допрва следува, алармираат од „Ајде Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Системот за управување со отпад на национално и општествено ниво е неефикасен и има негативни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето. Пример за ова е нестандардното депонирање и фрлање на отпад.

Дури 99 отсто од комуналниот отпад во Македонија се депонира и претставува огромна пропуштена можност за зачувување на животната средина, отворање на нови работни места, поевтини суровини за индустријата и приходи за државата во облик на даноци , велат од Здружението „Ајде Македонија“

Од здружението потенцираат дека е потребно имплементирање на правилата кои веќе ги имаме утврдено во нашето законодавство, а тоа се стандардите наведени во Директивата за отпад. Тие се засновани на хиерархијата во управувањето со отпадот, притоа да се работи на спречување на создавањето на отпадот, а доколку ова е невозможно, отпадот да се селектира, реупотреби, рециклира, компостира или да се добие биоенергија додаваат

Во Македонија има 16 индустриски загадени локалитети кои претставуваат сериозен ризик за граѓаните кои живеат во близина на тие објекти. /крај/ем



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Членови на ДУИ: Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика револт

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за...

Европа12 часа

Шолц: Гладот ​​е голема опасност, Русија нема да победи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата неделна порака до граѓаните истакна дека Русија нема да победи во војната во...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тема на годинешната...

Европа13 часа

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции. Со пакетот...

Топ14 часа

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице...

Европа14 часа

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Кина ги обвинува Соединетите Држави дека испраќаат „многу погрешни и опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Европа17 часа

Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја...

Македонија18 часа

(Видео) Каевски: Мицкоски се уште молчи за неговата улога во спорниот тендер, институциите да го расчистат случајот

„Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната...

Македонија19 часа

(Видео) Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ

„Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски...

Европа19 часа

Путин не блефира за нуклеарното оружје, велат од ЕУ

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин за да може да користи нуклеарно оружје во војната...

Регион20 часа

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Глобалната сцена одржана во седиштето на ОН пред неколку дена одговори на прашањето...

Свет21 час

Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските...

Европа22 часа

Сијарто: Нема да поддржиме антируски санкции во енергетскиот сектор

Будимпешта нема да поддржи антируски санкции во енергетскиот сектор, вклучително и во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа може да...

Македонија22 часа

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ

На маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, министерот Бујар Османи учествуваше на традиционалниот состанок на...

Свет23 часа

(Видео) Тајфун во Јапонија, едно лице загина, неколку се повредени

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека високи бранови, обилни дождови, лизгање на земјиштето и поплави може да ја погодат централна, источна...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски-Шоле: Го зајакнуваме партнерството со САД за обновливите извори на енергија

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на учеството на 77. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска одржа средба со...

Македонија2 дена

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе златарници на подрачјето на...

Европа2 дена

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во трета светска војна

Конфликтот во Украина може да ескалира во трета светска војна, предупредил поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога рускиот претседател Владимир...

Топ2 дена

Во тепачка во автобус на ЈСП малолетник со остар предмет повредил друг малолетник за место за седење

Синоќа, во 19.33 часот, во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник задржал две лица, кои кај Стара Рампа, во...

Македонија2 дена

ЕУ испрати покана до 44 земји за самитот во Прага, меѓу нив и за Македонија

Европската Унија ги покани шефовите на 44 држави и влади да присуствуваат на самитот во Прага по повод формирањето на...