Контакт

Daily news

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека парите се користат за повисоки плати, пензии и субвенции

Објавено пред

Не постои поголемо и поштетно задолжување на граѓаните од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години за криминално да се богати раководството на партијата и за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски, велат од СДСМ.

„За разлика од криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од скапите задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и споменици, денес парите на граѓаните се користат за повисоки плати, намалени трошоци за живеење и поголема државна помош за компаниите“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Предлог-буџетот за 2018 година е буџет за граѓаните и обезбедува финансиска и економска стабилизација на државата. Финансирањето на буџетскиот дефицит за 2018 година е планирано по најповолни услови, кои ќе овозможат евтино и навремено сервисирање на долговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ, а средствата ќе се искористат и за повисоки плати во здравството, образованието, одбраната, детската заштита, како и повеќе пари за социјални трансфери и капитални инвестиции, повисоки и навремени субвенции за земјоделците и поголема помош за домашните претпријатија.

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Daily news

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Објавено пред

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за „Макфакс“ дека поплаките од граѓаните се за удобноста на новите автобуси кои се набавени пред 8 години. Прашан за коментар зошто МВР ги исклучува од сообраќај возилата на ЈСП ако се тие исправни, Толевски вели дека тоа секогаш се случувало во изминатите 20 години. Толевски вели дека во ЈСП има и неискусни возачи кои се млади и се примени политички.

„Нормално е да има такви. Да не се лажеме, во Македонија не значи дека сите деца што ги примаат на работа се екстра квалитетни, има и такви што се примени преку партија“, вели Толевски, кој додаде дека потенцијалните возачи во ЈСП треба да имаат возачка од Д-категорија, а искуството го стекнувале по вработувањето во претпријатието.

Прашан за исправноста на автобусите, техиничкиот директор вели: „Немој да мислите дека ако постојано го сервисирате вашето возило, тоа е 100 отсто исправнo. Нема да потврдам дека автобусите се неисправни. Сите возила што излегуваат од ЈСП се проверуваат“.
Техничкиот директор на ЈСП негира дека сега автобусите се поплавуваат при дождови. Според него, информациите се неточни.

„Се работи за енормна количина фејсбук-профили што се занимаваат со таа проблематика. Откога сум јас технички директор, а тоа е од пред Нова година, се судрив со написи во неколку портали за старите автобуси. Беше објавена фотографија од стар автобус што протекува. Таа слика беше стара 5 години. Ова раководство тоа не го заслужи. Најверојатно, се работи за фејсбук-манијаци, кои покажаа едно возило, кое беше празно, протекуваше, а внатре седеше жена со чадор. Таа слика е стара шест години. Ние сите дупки ги покривме, ги изолиравме со платички материи и тие сега не протекуваат“, вели Толевски, кој немаше коментар за проблемот со гумите што го имаат автобусите, но потврди дека сепак го има.

Толевски вели дека ЈСП не може секоја година да ги менува гумите на автобусите. За квалитетот на гумите, техничкиот директор вели дека се избирани по принципот најниска цена преку јавна набавка, па затоа тие имаат лош квалитет.

„Во текот на возењето може да се случат разни аномалии. Имаме возачи што се примени, а не се ни снаоѓаат со овие возила. Од нашата работилница излегуваат автобуси кои релативно ги исполнуваат стандардите. Најчести дефекти на линиите имаме поради гумите. Шoфeрот поради поради недостиг на уреа за селективна каталитичка редукција, не се чувствува сигурно поради тоа што му светнала некоја светилка и запира. Млади се, имаме одреден број, кои политички се примени, па се неискусни возачи“, вели техничкиот директор Толевски.

Васил Толевски вели дека во моментот ЈСП прави напор за набавка на автобуси што ќе возат со природен гас. Во тој момент од функција ќе бидат исфрлени старите автобуси, а очекувањата се дека тоа ќе се случи идното лето. Автобусите на гас ќе ги намалат трошоците на претпријатието, а граѓаните ќе видат што значат современи западни возила, вели Толевски.

Прикажи повеќе...

Daily news

(Видео) Ивановска: „Тоа е тој ‘опел’“

Објавено пред

По увидот на црвениот „опел“ во складот кај Миладиновци, адвокатката на оштетените, Дафинка Ивановска, рече дека спорните прашања што ги посочил Врховниот суд во пресудата за предметот „Монструм“, а кои се однесуваа на возилото пронајдено на 10-ина километри кај Смилковското Езеро, се расчистени.

„Тоа е тоа возило ‘опел омега’ во вишнова боја“, рече Ивановска. Адвокатката рече дека станува збор за возило со ист број на шасија како она што било наведено во вештачењето. „Ги има калниците, потпирачите на задните седишта…“ рече застапничката на оштетените.

Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, пак, рече дека изгледот на возилото не одговора со она од вештачењето и затоа рече дека ќе ги испитуват вештаците што го направиле вештачењето. Следното рочиште за предметот „Монструм“ е закажано за 19 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија13 минути

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток51 минута

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 час

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ2 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток2 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести3 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија4 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија4 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Досие