Контакт

Daily news

СДСМ Дебрца: Трајкоски првин ги создаде еколошките проблеми, а сега се промовира во спасител

Објавено пред

На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советничката група на СДСМ предложи  Советот на Општината едногласно да донесе декларација за реафирмирање на стратешката определба на Дебрца како еколошки чиста општина и за отфрлање на предложеното решение за изградба на регионална депонија во Дебрца, со што ќе се изрази волјата на граѓаните и ќе се манифестира натпартиска сплотеност и единство по ова прашање.

„За жал, и овој пат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и независниот советник во Советот на Општина Дебрца не успеаја да се надминат себеси. Истите тие што минатата година за ситни лукративни интереси (работни места и пари), спротивно на искажаното незадоволство на граѓаните, гласаа за изградба на асфалтната база, истиот тој градоначалник кој тогаш не сакаше ниту да ги прими незадоволните граѓани пријавувајќи ги во полиција, на денешната седница на Советот на Општината беа против предложената декларација за еколошка одбрана на Дебрца“, се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

Тие велат дека градоначалникот Игор Трајкоски треба да престане „безобѕирно да лаже дека СДСМ е против референдумско изјаснување на граѓаните. Напротив, како што беше наведено и во предложената декларација, се остава можност да се искористат и другите правни средства, вклучително и референдум, доколку не се почитува волјата на граѓаните и кој, доколку има потреба, би се спровел во погодно време“.

„Инсистирањето на референдум од страна на Трајкоски во овој момент, во пресрет на локалните избори, е само негов обид за дефокусирање на јавноста и скривање на неговата одговорност за создадените еколошки проблеми, како и на неговото криминално владеење со општината во изминатите четири години. Трајкоски да престане да лаже дека СДСМ е за изградба на регионална депонија во Дебрца. Советниците на СДСМ и во минатото, кога биле мнозинство во Советот, одлучно биле против вакво решение затоа што секогаш биле слободоумни и на линија на интересите на граѓаните за разлика од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои со потпишаните меници секогаш биле заложници на партијата“, се вели во соопштението.

Г

Најново

Спорт7 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет39 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава45 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа51 минута

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...