Контакт

Daily news

СДСМ: Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека долгот се намалува

Објавено пред

„Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ, базирана на бесмислена математика, не може да го скрие фактот дека долгот се намалува, економијата се придвижува. Не можејќи да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ домаќински и одговорно управува со јавните финансии, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се заплеткува во лажните вести и бројките што ги пласира во јавноста. На партијата неплаќач на данок никој повеќе не ѝ верува кога неосновано лаже и манипулира и со бесмислени математики собира раздолжувања и задолжувања“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат со намалена зачестеност и по поволни услови, што не беше случај претходно. Граѓаните и јавноста можат многу лесно да ја следат состојбата за нивото на јавниот долг на веб-страниците на официјалните институции кои објавуваат вистинити и релевантни информации за висината на јавниот долг, а тоа се Министерството за финансии и НБРМ. И Лилјана Кузмановска можела лесно да ги провери релевантните информации пред да излезе на прес-конференција на којашто шири лажни вести. Фактот што ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за граѓаните, а истовремено во Собранието го запира покачувањето на минималната плата, трајното решавање на статусот на околу 3.000 стечајци и укинувањето на радиодифузната такса покажува дека оваа партија работи единствено во сопствен интерес. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е опозиција и затоа ќе ги загуби локалните избори и ниту една нивна лажна вест нема да го промени тоа“, се додава во реакцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Иран: Се договоривме со Кина за Ормускиот теснец

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за...

Македонија53 минути

Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен...

Македонија55 минути

Македонија е опасно место за живеење за жените, новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот...

Топ1 час

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна...

Црна хроника1 час

12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник

12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка. Според информациите...

Црна хроника1 час

Малолетници нападнале ученик пред училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон

Малолетници нападнале ученик пред основно училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон, а видеото го објавиле на социјалните...

Свет1 час

Премиерката на Латвија поднесе оставка по контроверзноста околу залутаните украински беспилотни летала

Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која...

Македонија1 час

(Видео) Филипче бара извинување од Мицкоски

Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и...