Контакт

Daily news

СДСМ: Нова реформска Влада е државен интерес, блокадите за криминални интереси ќе прекинат

Објавено пред

 

Парламентарното мнозинство од 67 пратеници избрано на кредибилни избори и формирано на демократски начин е должно според Уставот, Деловникот и законите да избере нов претседател на Собранието и нова Влада, велат од СДСМ.

 

„Неоодговорно е криминалните интереси да се ставаат над државните интереси и интересите на граѓаните, како што тоа го прават малцинството на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот и Ѓорге Иванов, по директива на Никола Груевски и тоа мора да прекине. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира демократските процеси и во јавноста шири насилна реторика, само да обезбеди ден повеќе за нови криминали и да обезбеди што поголемо богатство за себе и за своите соработници“, додаваат од партијата.

 

„Тендерот од 60 милиони евра за фирма блиска до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, бензинските пумпи и нафтени платформи за Мијалков, што се реализираат во услови на трансфер на власта, измените на урбанистички планови во последен момент се најдобриот доказ дека криминални интереси и страв од одговорност стојат зад блокадите на демократските процеси“, порачуваат од СДСМ.

 

„Неопходен е разум. На тоа повика и меѓународната заедница којашто јасно ја посочува одговорноста кај досегашната власт за дестабилизацијата што и ја прават на државата. Нема да дозволиме државата и граѓаните да бидат понатаму заложници на криминалци. Демократските процеси брзо ќе се откочат. Согласно очекувањата на домашаната и меѓународната јавност, согласно волјата на мнозинството граѓани, според Уставот, Деловникот на Собранието и законите, ќе се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова реформска Влада. Мора да се овозможи мирен трансфер на власта! Демократските процеси се незапирливи“, заклучуваат од партијата./крај/мф/бс

 

 

Најново

Спорт1 час

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет1 час

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт1 час

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт1 час

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет2 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...