Контакт

Daily news

СДСМ: Со реформите ќе се елиминира можноста за злоупотреба на УБК

Објавено пред

„Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена од мандатот започна реформи во Министерството за внатрешни работи кои обезбедуваат поголема професионалност, транспарентност и ефикасност на полицијата, а истовремено се унапредува и статусот на полициските службеници. Започнати се реформи на системот за следење на комуникациите преку кои ќе се гарантира независна и експертска контрола, што ќе се спроведува преку зајакнување на капацитетите за собраниски надзор. Со таквите реформи се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција“, соопшти СДСМ.

Според партијата, една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Јавното обвинителство.

„Реформите во полицијата предвидуваат и подобрување на условите за работа и унапредување на статусот на вработените во Министерството за внатрешни работи. Преку кратење на непотребните трошоци за ручеци и репрезентации се ослободуваат средства за набавка на нови униформи, чизми чевли, ремени…со што припадниците на полицијата по цели десет години ќе добијат нови униформи. Реформите во МВР кои се дел од владиниот рефорски план 3-6-9 ја враќаат довербата во полицијата што беше нарушена во изминативе 11 години, МВР наместо сервис на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станува вистински сервис и партнер на граѓаните. Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со остварување на дадените ветувања и спроведување на мерките што носат отворени институции, нови работни места и квалитетен живот за сите“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава14 минути

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија38 минути

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија40 минути

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија1 час

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија1 час

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет1 час

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт1 час

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....

Македонија2 часа

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани да не поскапи, но доколку е неопходно, поскапувањето ќе биде под 5 %....

Економија2 часа

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум...