Daily news
СДСМ: Чавков е извршител на Груевски, никој нема да избегне одговорност
Никој нема да ја избегне одговорноста за своите постапки, порачаа во петок вечер од СДСМ.
„Непрофесионализмот и негрижата за безбедноста на граѓаните со вчерашното насилие во Парламентот го достигна својот врв. Чавков е извршител на Груевски, заедно со Иванов и Вељаноски и лицемерието не може да му помогне“, велат од СДСМ.
Од оваа партија најавуваат дека доаѓа време на професионализација на Министерството и стабилизација на целокупниот безбедносен систем во државата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
