Контакт

Daily news

СДСМ: Ќе има одговорност за палмите

Објавено пред

Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра коишто завршија на депонија, најавија во вторник од СДСМ.

„Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите гледаат тендери за лично богатење. И тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од 500.000 граѓани во Македонија! Цела јавност се противеше на идејата да се садат палми поради несоодветната клима за нивно одгледување, но за Груевски и за Коце Трајановски најважно беше како да се дограбат до пари од граѓаните. Палмите завршија овенати на депонија, исто како и жалните врби од стотици илјади евра поставени во Вардар“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од оваа партија најавија дека ќе одговараат сите кои учествуваа во злоупотребите на пари на граѓаните и уништувањето на нивните животи. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија6 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....