Контакт

Daily news

Седумнаесетото продолжение на конститутивната седница: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат лидерска среба?!

Објавено пред

 

Седумнаесттото продолжение на конститутивната седница продолжува во атмосфера во која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја држат собраниската говорница, при што на реплики и контра реплики одговара пратеничката Благица Ласовска.

Во реплика на Ласовска,пратеникот Крсто Мукоски рече дека излезот од оваа ситација го гледа во лидерска средба и наоѓање компромис за отворените прашања.

„Почитувани колеги, ги рушиме рекордите, веќе 17 дена бараме дебата и одговор на прашањата. За жал, она што го избра СДСМ е несреќно решние за Македонија. Според мене, повеќе од јасно е дека е време да се седне на заедничка маса и да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис. Во неколку наврати реков и уште еднаш ќе упатам апел за лидерска средба за добро на Република Македонија“, рече Мукоски , патеник од ВМРО- ДПМНЕ.

Патеничката Благица Ласовска додава дека треба да се најде решение кое ќе биде во согласност со Уставот и националните интереси на државата.

„И оние кои гласале за СДСМ, се чувствуваат постизборно измамени.Тие гласале за економска, а не за некоја тиранска платформа.Затоа токму пратениците од СДСМ треба да одговараат на овие прашања за кои ние со денови бараме одговор“, рече Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

На говорот на Ласовоска има пријавено над 30 пратеници за реплики од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од почетокот до сега исцрпена е дебатата по 10-тина пратенци од 50 пријавени за збор.
Од редовите на СДСМ засега нема пријавени за говор, ниту за процедурална забелешка крај/мф/гд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт8 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....