Контакт

Daily news

СЕММ: Медиумите да се воздржат од потпалувачки говор и хушкање

Објавено пред

 

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството.Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните неколку дена тие се зачестени до загрижувачки нивоа.

 

„Особено загрижувачки е начинот на информирање на медиумите во кои се забележуваат новинарски извештаи со еднострано информирање и информации што ги подгреваат стравувањата за можни немири во општеството, содржејќи повици за мобилизација на граѓаните во служба на одбрана на интересите на определени политички партии“, стои во соопштението од Советот за етика во медиумите.

 

Оттаму потсетуваат дека медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување на поединци и на групи за радикално однесување и за постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир, а особено на членот 10 од Кодексот на новинарите кој вели дека „новинарот нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа“.

 

„Медиумите мора да го почитуваат Етичкиот кодекс, бидејќи во спротивно последиците од непридржувањето кон неговите одредби би можеле да бидат фатални. Медиумите имаат особено важна улога во заштитата на граѓаните од појавата на нетолеранција и недоверба и нивна изложеност на ризик од насилство“, нагласуваат од Советот.

Оттаму ги повикуваат и другите институции, вклучувајќи ја Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услиги и Јавното обвинителство, да реагираат на ваквиот хушкачки и потпалувачки говор, како и да ги преземат неопходните законски мерки./крај/мф/гд

 

 

 

 

 

Најново

Македонија2 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава2 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава3 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет3 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт4 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...

Економија4 часа

Владата ги намали акцизите: Бензините наместо 4 поскапеа 3 денари, а дизелот наместо 8 поскапе 6 денари

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка...

Македонија5 часа

Бензините поскапуваат за 3, дизелот за 6 денари

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги...

Свет5 часа

Велика Британија има нов премиер, четврти за четири години

Британскиот крал Чарлс го назначи новиот лидер на Британската лабуристичка партија, Енди Бернам, за премиер и му ја довери задачата...