Daily news
Сестри близначки се скарале и изболе со кујнски ножеви
Во петокот околу 13.30 часот во Скопје на улица „Водњанска“ дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. (52) и М.П. (52), при што со кујнски ножеви се нанеле по неколку убодни рани една на друга. Истите се хоспитализирани во Ургентен центар Скопје.
Кај една од сестрите била констатирана тешка телесна повреда – крварење од белодробно крило, додека за карактерот на повредите на другата сестра дополнително ќе се произнесат од Ургентниот центар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
