Daily news
Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Кина
Најмалку 19 луѓе загинале, а 247 се повредени во земјотресот со сила од 7 степени по Рихтер, што ги погоди планинските делови на Сечуан, на југозападот од Кина. Меѓу загинатите шестмина се туристи, а се стравува дека бројот на жртви ќе се зголемува.
Од планинскиот дел на покраината Сечуан биле евакиурани над 30.000 туристи. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 32 километри. Во тек е акција на извлекување на преживеаните под урнатините во која се вклучени 600 пожарникари. Областа погодена од земјотресот е под заштита на УНЕСКО, и е популарна туристичка дестинација позната по езера.
Сечуан во 2008 година беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 8 степени, во кој загинаа повеќе од 80.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
