Контакт

Daily news

Сивус Инкубатор претставува израелски експерти на македонската иноваторска и стартап публика – Македонија може да биде чудо исто како Израел

Објавено пред

Сивус Инкубатор на македонската иноваторска и стартап публика и овозможи уникатна можност преку отворена дебата да сподели искуства со двајца експерти, двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера. Се работи за Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал.

Макфакс разговараше со израелските експерти непосредно пред дебатата чија основна цел беше да ја запознае македонската публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да завидат и многу поголеми земји. Ги запрашавме израелските гости на кој начин нивната земја ги постигна овие успеси и што можат да и препорачаат на македонската стартап публика.

– Како Израел стана економско чудо? Кој е тајната една земја со релативно мала територија и ограничени ресурси да се претвори во толку успешна економска приказна?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека е тоа е доста опширно прашање, но имаме неколку причини. Mислам дека најголемата причина беше поради тоа што немавме никаков избор. Израел е како Македонија, релативно млада држава со мала популација. Како Македонија има на некој начин и проблематично соседство. Мултинационална земја со многу предизвици и без природни богатства. Немаме избор, затоа мора да го земеме тоа што го поседуваме и да го направиме најдобро.

Каков совет би и дале на македонската стартап публика, што треба да се направи за да се постигнат солидни резултати?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека има три работи кои македонските

Стартапи можат да научат од ова. Како прво, не се плашите од неуспех…

Бидејќи кај нас во Израел пазарот практично како да не постои. Не можеш да продаваш само на Македонците и на Балканот, мораш да размислуваш на глобалниот пазар. Каде што можеш да се прошириш и да создадеш реална цена за инвеститорите и за твојот тим.

– Што мислите, дали Македонија може да го следи израелскиот пример и да стане ново, овојпат балканско, чудо?

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: За кратко време откако сме тука, бевме запознаени со македонските ЕКО системи, во кои не се сомневам. Тоа што го поседувате тука, е доволно да направите одлични ЕКО системи. Позитивна работа, мислам за израелските ЕКО системи е поврзаноста. Фактот дека сите работат заедно, големите компании, Стартап-ите, Академијата, инвеститорите, владата…

Од она што го гледаме овде, ми се чини дека повеќето од работите се

на своето место. Особено ако успеете да соработувате меѓусебно како ЕКО систем и да ги промовирате вашите компании, верувам дека на тој начин ќе одите по израелските стапки.

 – Кое е новото технолошко достигнување што светот може да го чекува:

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: Верувам дека има многу промени. Технологиите поврзани со вештачката интелегенција менуваат многу работи. Роботиката, гледаме како многу работи од минатото стануваaт заменливи од роботите, машинеријата, вештачката интелегенција. И во медицинскиот и дигиталниот свет секогаш има простор за напредок и мислам дека таму се можни нови достигнувања.

 

Дебатата со израелските експерти инаку е организирана во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

 

Драган Милосављевиќ

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 минути

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со оризопроизводители...

Економија16 минути

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото, сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со...

Свет23 минути

Новиот ирански врховен лидер се закани: „Крвта на мачениците мора да биде одмаздена“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходник, ајатолахот Али...

Македонија33 минути

(Фото) Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој...

Европа54 минути

ЕУ ги менува правилата за патниците во авионскиот сообраќај

По 13 години преговори, Европската унија постигна договор за промена на правилата со кои се регулираат правата на патниците во...

Македонија58 минути

(Фото) Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по...

Црна хроника1 час

МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување...

Македонија2 часа

(Видео) Штерјова: Во Чаир законите не важат, со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина...

Свет2 часа

(Видео) Кина евакуираше над 600.000 луѓе поради тајфунот Бави

Кина евакуираше повеќе од 600.000 луѓе пред налетот на тајфунот Бави, кој во саботата се приближи кон источниот дел на...