Daily news
Силен земјотрес ја погоди Гватемала
Централна Америка беше погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени
Брегот на Гватемала во Централна Америка беше најблиску до епицентарот на земјотресот, кој се почуствувал и во соседен Ел Салвадор.
Магнитудата била со епицентар на 38 километри северозападно од Пуерто Сан Хозе, на длабочина од 46 километри.
Земјотресот ги тресел зградите и соборил дрвја, но нема информации за човечки жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
