Контакт

Daily news

Синдикатот на Клинички реагира: Не дејствуваме по партиски препораки

Објавено пред

Синдикатот не дејствува по партиски препораки, вклучително и препораки на нивни здравствени комисии.
Одлуките и начинот на дејствување на Самостојниот синдикат на Клинички центри ги носат единствено неговите членови, реагираат од Самостојниот синдикат на Клинички центри, во врска со јавниот повик на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ за сочувување на достоинството на здравствените работници.

„Каде беше оваа комисија во изминатиот период кога претходната власт и тогашниот министер за здравство ги воведуваа проектите ‘плата по придонес’ и електронската контрола на работното време на вработените во јавните здравствени установи преку отпечатоците на нивните прсти. Не слушнавме некој од членовите на оваа комисија како пратеници во Собранието на Република Македонија да гласа против предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита од 21.11.2015 година со сите понижувачки услови, задолженија и казни содржани во него за докторите и другите вработени во јавните здравствени установи“, реагираат од синдикатот.

Во соопштението од самостојниот синдикат ги прашуваат и комисиите за здравство на СДСМ и нивните коалициони партнери за нивниот став во врска со предложениот буџет за 2018 година и планираното покачување на платите за докторите и медицинските сестри од 5%. Велат дека понатамошните постапки на Самостојниот синдикат на Клинички центри ќе зависат од резултатите на преговорите со ресорното министерство и ќе бидат израз на ставовите на неговите членови.

Најново

Македонија2 минути

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава5 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија24 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава36 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија46 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа48 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт50 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа52 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет57 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...