Daily news
Сирија: Експлозија кај аеродромот, Израел ги гаѓал складиштата?
Голема експлозија се случила во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
„Експлозијата беше многу силна, се слушна во центарот на градот“, рекол Рами Абдел Рахам од оваа организација чие седиште се наоѓа во Лондон.
Аеродромот е оддалечен околу 25 километри од престолнината на Сирија.
Британскиот сервис Би Би Си наведе дека по експлозијата избувнал голем пожар.
Телевизијата Ал-Манар, која го подржува Хезболах, тврди дека експлозиите на резервоарите за нафта и другите складишта, најверојатно биле предизвикани од израелски воздушни напади.
Исто така, телевизијата објави дека немa човечки жртви, а дека била причинета голема материјална штета.
Меѓународниот аеродром во Дамаск, до почетокот на судирите во земјата, во 2011 година, бил еден од најфреквентните во светот. По почетокот на војната во Сирија најголем дел од авио компаниите ги откажаа своите летови во Дамаск. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
