Daily news
Сити во ЛШ, Ливерпул во квалификациитем Арсенал во Лига Европа
Последното коло во Премиер лигата во сезоната 2016/2017 ги реши сите дилеми околу тимовите кои ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона. Манчестер Сити и Ливерпул победија против Вотфорд, односно Мидлсброу и на крајот завршија на третото односно четвртото место.
Манчестер Сити госуваше кај Вотфорд и со 5:0 славеше против домаќинот за потврда на третото место на табелата и директн пласман во Лигата на шампионите.
Во елитата следната сезона ќе играат и Актуелниот шампион Челзи, односно второпласираниот Тотенхем.
Челзи во последното коло го порази Сандерленд со 5:1. Овој меч беше последен во „синиот“ дрес за легендарниот капитен Џон Тери. Симболично Тери беше заменет во 26.минута. Капитенот потоа повторно се појави на теренот, по завршувањето на натпреварот кога го прими пехарот за освоената Премиер лига.
Тотенхем одличната сезона ја круниса со убедливиот триумф над Хал од 7:1. Сигурен триумф забележа и Ливерпул, 3:0 против Мидлзброу.
https://www.youtube.com/watch?v=hBh–24TMy8
Арсенал и со играч помалку го победи Евертон 3:1, но и покрај победата тимот на Венгер остана на петтото место и остана без место во Лигата на шампионите. Арсенал прв пат во 2000 година нема да биде дел од Лигата на шампионите, туку наредната сезона ќе настапува во Лига Европа.
Од лигата испаднаа Хал, Мидлсброу и Сандерленд. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
