Daily news
Си: Никогаш нема да дадеме ниту парче од земјата
Кинескиот претседател Си Џинпинг во својот говор по повод одбележувањето на 90-годишнината од основањето на Народната ослободителна војска порача дека Кина нема да дозволи да изгуби ниту парче од својата територија. Си ја упати пораката во моменти кога Кина има повеќе територијални спорови со своите соседи, пренесува АП.
„Кинескиот народ го чува својот мир и апсолутно не учествува во инвазии и експанзии. Меѓутоа, имаме доволно самодоверба да совладаме каков било вид инвазија“, рече Си пред владините претставници и припадници на војската во говорот што траел речиси еден час.
Кина е во повеќенеделен пограничен спор со индиските сили во близина на границата на двете земји високо на Хималаите. Исто така, има спор и со Јапонија поради островите во Источното Кинеско Море, како и со пет други земји за полагање право на територија во стратешки значајното Јужно Кинеско Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
