Daily news
Си Џинпин го повика американскиот претседател на „воздржаност” кон Северна Кореја
Во телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпин го повика Вашингтон на „воздржаност” кон Северна Кореја.
Разговорот доаѓа само неколку дена пред пристигнувањето на американскиот носач на авиони и ударна група во близина на Корејскиот Полуостров, пренесува во понеделникот Франс прес.
„Кина се надева дека засегнатите страни можат да покажат воздржаност и да избегнат активности кои би ги зголемиле тензиите на Корејскиот Полуостров”, истакнал Си Џинпин во разговорот со американскиот колега../крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
