Daily news
Сноуден учи руски
Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се уште не стапиле во контакт со поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден, соопшти неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
„Не, се уште никој не се се обидел да стапи во контакт со него. Мислам дека Сноуден го изрази својот став и тој нема да биде променет“ – изјави Кучерена.
Според неговите зборови, Сноуден продолжува да живее и работи во Русија.
„Почна да учи руски јазик и веќе по малку го зборува“ дополни адвокатот на Сноуден.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
