Контакт

Daily news

Собир за децата со пречки во развојот – Боки 13: Ќе бидам гласен, доста е од политички будалаштини

Објавено пред

Претседателот на Меѓународната асоцијација за човекови и малцински права, Бојан Јовановски, ака Боки 13, презеде нова иницијатива, овој пат за поддршка на лицата со пречки во развојот.

Тој вели дека се одлучил на овој чекор бидејќи тие родители и деца се заглавени во институциските лавиринти, а третманот во институциите кон нив е безобразен. Јовановски укажува на тоа дека е свесен колку им е тешко на тие семејства да ги одгледаат лицата со пречки во развојот затоа што немаат соодветен третман, па по тој повод ги повика граѓаните в четврток, на плоштадот „Македонија“, во 20 часот заедно да покажат дека не излегуваат само на политички будалаштини туку дека сакаат да се дружат и да покажат дека граѓаните се најбитни во ова општество.

„Реков дека ќе бидам гласен, а ќе бидам уште погласен сè додека државата не ги сфати сериозно овие луѓе и додека државата не спроведе сериозна грижа за овие лица. Ги повикувам сите кои се добронамерни и кои  сочувствуваат со тие семејства да ја дадат својата поддршка на еден убав собир во Скопје“, вели Јовановски за „Макфакс“.

Во своето општествено делување, Боки 13 како јавна личност помогна на повеќе семејства кои немаа свој дом, ниту средства за егзистенција. Оваа инцијатива е последна од низата.

„Јас мислам дека ваквите настани треба да нè сплотуваат, а тоа колку нè сплотуваат или колку тоа некој го користи за други цели е друго прашање. За жал, сè е поврзано со политика, но мислам дека граѓаните полека се свестуваат и стануваат сплотени кога станува збор за вакви собири“, додава Бојан Јовановски во својата изјава.

Собирањето потписи за поддршка на децата со пречки во развојот продолжува и денеска во Скопје, Куманово, Велес, Крушево, Струмица, Неготино, Гостивар, Гевгелија и Радовиш./крај/мф/кл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт5 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт5 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт5 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт6 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт6 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт8 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника9 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...