Контакт

Daily news

Собранието едногласно го донесе Законот за стечајните работници

Објавено пред

Со 82 гласа „за“, без ниту против и воздржан пратениците го изгласаа Законот за материјалното обесштетување на стечајните работници. По гласањето ,следуваше аплауз во салата од страна на пратениците од парламентарното мнозинство. Претходно, тие побараа поддршка од опозицијата тврдејќи дека законот не е популистички, туку исправање грешка од минатото нанесена на група граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа законот, иако имаа забелешки дека стечајците со него не се во целост опфатени.
Денеска, во Собранието присутни беа и претставници тена здружението УНИТ, кои со години вршеа притисок врз власта за донесување овој закон. Лилјана Георгиевска, претставник на здружението, порача дека борбата за правата на стечајците не застанува, тука дека ќе вршат и притисок врз власта да бидат обесштетени и другите стечајци што не се опфатени во законот.
„Можам да кажам дека упорно се боревме, истрајавме во нашите маки и дочекаме да се донесе законот кој речиси 15 години го чекавме. Стечајните работници се запознаени со процедурата, ги имаат сите документи и од 15 октомври ќе почнеме со аплицирање за финансиската помош. Со законот остануваат уште 500 незгрижени лица, кои доаѓаат од фирми што во транзицијата од државна сопственост се трансформираа во акционерски друштва. Ние ќе вршиме притисок за измена на законот за да може и тие да си го остварат своето право“, рече Георгиевска.
Инаку, со Законот за материјалното обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата опфатени се приближно 3.000 лица кои ќе добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата минатата година.
Г. Д. Мишевска


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Соопштенија3 минути

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 8 мај 2026 просечната часовна цена на еден...

Македонија8 минути

(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски

Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто...

Македонија17 минути

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата...

Свет17 минути

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките...

Култура20 минути

Националниот џез оркестар одржа концерт „Macedonian Dreams“ во Брисел

Во срцето на Европа, на сцената на престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, Националниот џез оркестар ја изведе концертната програма...

Македонија22 минути

Хоџа на „Генералка викенд“: Грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска учествуваше на еколошката акција „Генералка викенд“, која традиционално обединува граѓани,...

Македонија24 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне

Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне, велат од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија25 минути

(Видео) Кузеска: Со шефот на бандата Мицкоски економијата тоне, инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè...

Македонија29 минути

Пренџов: Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ

Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. „Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска...