Daily news
Собранието утре ќе ја продолжи конститутивната седница
Собранието на Република Македонија утре треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот.
Во досегашниот тек од расправата со реплики се јавуваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат СДСМ да се откаже од платформата од Тирана и дека тоа, според нив, е клучот за излез од политичката криза или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се во допир со точката на дневниот ред. Тие побараа да се стави на гласање нивниот предлог – да се премине на новата точка – избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
