Контакт

Daily news

Советот за факти не стигнал да ја разгледа претставката за судијката што антидатирала одлука на СЈО

Објавено пред

Советот за утврдување факти и одговоност на судии, тело што Собранието го укина, не успеал да ја разгледа претставката на специјалното јавно обвинителство за судијката Моника Бахчовановска, сопруга на ексфункционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски. Информацијата за „Макфакс“ ја потврди Сашо Поцевски од Советот за факти и утврдување одговорност за судии. Оттаму потврдија дека минатата недела ги предале сите претставки за судии до Судскиот совет, вклучително и за судијката Бахчовановска, за која поради големиот број предмети и краткиот рок, не успеале да стигнат и да дадат мислење. Сега за евентуално нестручно и несовесно вршење на судиската функција треба да расправа Судскиот совет.

Тимот на Јанева пред 3 месеци или поточно на 1 ноември лани поднесе претставка за нестручно и несовесно постапување за судијката Бахчовановска бидејќи антидатирала одлука за случајот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска. Според СЈО, Бахчованска го донела решението за издвојување на бомбите од доказниот материјал на 11 септември 2017 година, а во образложението се повикала на одлука на Апелациониот суд Скопје за користењето на прислушуваните разговори во случајот „Триста“, што второстепениот суд ја донел на 18 септември, односно седум дена подоцна. СЈО решението на Бахчованска за „Тифани“ го добило на 5 октомври. Бахчовановска, меѓу другото, одлучи ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, да не одговара за предметот „Тортура“, туку само полициските „алфи“, по што СЈО вложи жалба до Апелациониот суд.

На последната прес-конференција, претседателот на Советот, Зоран Караџовски, не одговори конкретно на прашањето кога точките за нестручно постапување на судиите ќе бидат ставени на дневен ред. Денеска судии, професори, експерти и претставници на Судскиот совет расправаа за најновите предлози на Министерството за правда за реформите на судскиот систем, а меѓу нив беше и Караџовски. Расправата беше организирана од Здружението на судиите на Македонија.

В. М.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот...

Спорт3 часа

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач...

Спорт3 часа

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во...

Спорт4 часа

Спектакуларни квалификации во Монте Карло – Кими на пол позицијата пред Ферстапен, Леклер заврши во ѕидот

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо...

Спорт4 часа

19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3,...

Македонија4 часа

Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда за починатите деца

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите...

Македонија5 часа

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската...

Свет6 часа

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија...

Македонија6 часа

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина...