Контакт

Daily news

СОНК реагира за распределбата на пари за проекти од културата

Објавено пред

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска реагира за распределбата на средствата од буџетот на Република Македонија преку Министерството за култура на име за проекти, на кои конкурираат организации од граѓанскиот сектор. Исто така, синдикалците бараат и продолжување на преговорите за потпишување на колективниот договор.

Во соопштението СОНК реагира на, како што се наведува, нефукционалното трошење државни пари, обезбедени преку Министерството за култура за дел од проектите што со ништо не ја отсликуваат, презентираат или воздигнуваат културата во Република Македонија. Според СОНК, некои од проектите се сомнителни во оправданоста да бидат одобрени преку Министерството за култура, како и проекти што се поднесени од членови на комисии и кои одлучуваат за доделување средства за туѓи, но и за свои апликации.

„Огромно е разочарувањето кај културните работници што се вработени во установите од културата, а кои реално се едни од најслабо платените работници во јавниот сектор и очигледно се заборавени од страна на државата. Се чини дека Министерството за култура не е заинтересирано да го потпише и имплементира колективниот договор за култура, со тоа и да се надмине проблемот со различните плати во оваа дејност, воедно и да се подигне висината на платите на ниво со кое на културните работници ќе им се врати достоинството на нивната професијата“, стои во соопштението.

СОНК апелира до Министерството итно да продолжат преговорите за потпишување на колективниот договор, како и обезбедување средства за негова имплементација.

„Во спротивно на сите ќе ни биде јасно дека државата нема интерес за подигнување на социјалниот статус и мотивираноста на работниците во една од најзначајните дејности во државата, што е обележје на вековното постоење и културно воздигнување на народите што живеат во Република Македонија, се наведува во соопштението од СОНК“.

Daily news

Од есен нови правила во виенското метро: „Смрдливите“ јадења се строго забранети

Објавено пред

Од

Виенските власти планираат да ги забранат „смрдливите“ јадења во возовите на подземната железница.

Од септември, „смрдливите“ јадења, меѓу кои е и националната брза храна како крањски колбас со сирење или пица, веќе нема да може да се јадат во возовите на подземната железничка линија У6.

– Имајќи предвид дека должината на патот У6 во просек трае меѓу пет и десет минути,  сметаме дека е можно да се побара од патникот тие неколку  минути да издржи без храна – вели градската советничка Улрике Сима.

Таа укажа дека на темата јадење се дискутира многу години, но досега ништо не е постигнато, па затоа смета дека единственото решение е забраната. Сима истакнува дека забраната, исто така, значи и помалку работа при чистењето на возовите.

Прикажи повеќе...

Daily news

СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни

Објавено пред

И годинава во Скопје по 6 пат се одржува „Викендот на гордоста Скопје 2018“ – СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир-приказни.  Настанот ќе започне во Кино Култура, петок, 01.06, од 21 часот.

„Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа“, пишува во поканата.

Овогодишни раскажувачи ќе бидат: Артан Садику, Никола Гелевски, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов – Кили, Маја Марковска и Лејла Каламујиќ. Модераторки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Целта на серијата настани во рамки на Викендот на гордоста е да креираат простор за, и да промовираат, ненормативни форми на светоградење, односно релации, афекти, идентитетски позиции, телесни стилови и сензибилитети кои во рамки на хетеронормативното, националистичко и неолиберално капиталистичко опкружување се означени како настрани, изопачени, неуспешни, патолошки, чудни итн.  Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. и ќе се оддржува од 7-10 јуни.

Скопскиот викенд на гордоста 2018 е реализиран со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.

Прикажи повеќе...

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија41 минута

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Македонија1 час

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо...

Џенова, несреќа, Италија Џенова, несреќа, Италија
Европа2 часа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за...

Економија2 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија4 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ5 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет6 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија7 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ7 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија7 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија22 часа

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија1 ден

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија1 ден

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија1 ден

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион1 ден

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија1 ден

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија1 ден

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија1 ден

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Македонија1 ден

Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи

Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски,...

Досие