Контакт

Daily news

Со мултимедијалниот спектакл „Вивалдијано“ ќе се одбележи 57.роденден на Охридско лето

Објавено пред

Со музичко-сценскиот спектакл „Вивалдијано“ вечерва на сцената на Античкиот театар ќе биде одбележан 57. роденден на фестивалот Охридско лето.

Овој мултимедијален мегапроект претставува вонвременски спој на уметничка изведба на 16 истакнати музичари од различни стилови. Тие ќе изведуваат класични дела на Вивалди базирани на барок.

Како што најави директорката на фестивалот Охридско лето, Сузана Вренцовска, станува збор за досега невидена аудио и видеоопрема што ќе биде поставена на сцената на Античкиот театар и воопшто на фестивалот Охридско лето.

Според неа, приоритет на оваа институција е домаќинското работење, почитувањето на фестивалската традиција, но и носењето проекти што ќе остават силен печат врз публиката.

Според селекторот на музичката програма, Ѓорѓи Цуцковски, во основата на проектот „Вивалдијано“ се композициите на извонредниот италијански композитор Антонио Вивалди, но, како што нагласи,  претставен на нов возбудлив начин преку вешто спојување на касичната музика со модерни елементи.

Јакуб Швејда, организаторот на турнејата на „Вивалдијано“, истакна дека Античкиот театар е можеби најдоброто место за старт на проектот.

На денешната прес-конференција, традиционално, беше пресечена роденденската торта за 57. Охридско лето. Роденденот се одбележува на 4 август зашто на тој ден пред 57 години  во црквата „Света Софија“ оперската дива Ана Липша Тофовиќ го одржа првиот концерт пред фестивалската публика.

Фестивалот Охридско лето од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите. Финансиски е поддржан од Министерството за култура, а се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Најново

Спорт4 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт4 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт4 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт5 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт5 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт5 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт5 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт7 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника8 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...