Контакт

Daily news

Спасовски: Хуманоста не смее да биде жртва на тероризмот

Објавено пред

Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и, секако, најзасегнати од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече денеска министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж западно-балканската рута.

Министерот Спасовски ја потенцира и можната злоупотреба на мигрантските рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносните проверки на мигрантите долж западно- балканската рута.

„Соочени со новите безбедносни феномени, целокупните безбедносни капацитети на нашата држава во континуитет се насочени кон спречување на заканите и опасностите кои произлегуваат од поддржувачите на тероризмот, фокусирајќи се на превенција и спречување финансирање на терористичките активности, следење на сомнителните трансакции, спречување на перењето пари и можно регрутирање на потенцијални извршители на терористички активности во земјата и странство“, рече Спасовски.

Според првиот човек на МВР, со цел воспоставување подобра контрола и спречување трансфер на потенцијални терористи меѓу мигрантите, потребно е воведување унифицирани механизми за превенција и контрола, размена на информации, водење заеднички случаи преку заеднички тимови, формирање заедничка база на податоци.

„Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме и свесни дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс кој ќе ги анулира овие две крајности“, рече министерот Спасовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Кинескиот министер за надворешни работи: Кина му кажа на Трамп дека кризата на Блискиот Исток не може да се реши со сила

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес изјави дека Пекинг верува оти решението за проблемот во Ормускиот теснец лежи...

Македонија30 минути

Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа...

Свет46 минути

Бекамови станаа милијардери: објавена е листата на најбогати Британци

Фудбалерот Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој стана милијардер, додека браќата Ноел и Лиам Галагер од бендот „Oejzis” за...

Спорт1 час

Вардар е шампион на Македонија

Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во...

Македонија1 час

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Свет2 часа

(Видео) Британски воен аналитичар: Дури ни „Сатана“ нема да може да го спаси Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште...

Свет2 часа

Медиумите во ЕУ за средбата Трамп-Џјинпинг: Борбата за светска превласт продолжува

Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и...

Македонија2 часа

Савески- Палминтери: Италија подготвена да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на...

Македонија3 часа

„Вреди“: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори...