Daily news
Според „Сан“ Јункер бил пијан на самитот на ЕУ
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер дојде на самитот во Женева во пијана состојба, пишува таблоидот “Сан”, повикувајќи се на свои извори.
Според таблоидот, Јункер постојано се удирал во луѓето и во мебелот. Покрај тоа, многу грубо разговарал со неговите помошници.
“Беше очигледно дека Јункер добро се „ освежил “, рекол изворот.
Не е првпат претседателот на Европската комисија да се најде во медумите со тврдења дека консумирал алкохол.
Пред две години, на интернет се појави снимка на Јункер во многу добро расположение како ги љуби политичарите во глава и им удира шлаканици.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
