Daily news
Спречен напад врз базата Инџирлик
Турските власти уапсиле осомничен милитант на Исламска држава од Русија, кој наводно планирал напад со беспилотни летала врз американски авиони во воздухопловната база Инџирлик.
Турските медиуми цитираат неименувани официјални претставници, кои велат дека рускиот државјанин, идентификуван како Руслан Бакиев, бил уапсен во јужниот град Адана додека “ја проучувал” областа околу воздухопловната база Инџирлик.
Турција е членка на НАТО, а американските воздухопловни сили го користат Инџирлик за воздушната кампања против Исламска Држава во Сирија и Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
