Daily news
Србија: Во полициска акција „Сигнал” упасени 74 лица од 19 градови!
Во текот на полициската акција „Сигнал”, која беше спроведена во 19 градови во Србија, се уапсени 74 луѓе.
Тие се уапсени под сомнение дека го оштетиле буџетот на Србија, Војводина, на неколку локални самоуправи и други стопански субјекти. Тие во свои џебови ставиле над две милијарди динари.
Меѓу уапсените се и поранешниот градоначалник на Општина Палилула во Ниш, градоначалникот на Бајина Башта, поранешниот градоначалник на Пландиште во близина на Вршац, директорот на „Eврогас“ и други.
Се верува дека уапсените во претходниот период извршиле различни кривични дела, меѓу другото, перење пари, даночно затајување, измама, злоупотреба на службена положба, примање и давање мито и фалсификување документи.
Српскиот министер Небојша Стефановиќ објасни дека се уапсени два сегашни и поранешните општински претседатели, 14 сегашни и поранешни шефови на државни и приватни компании, а исто така се поднесени кривични пријави против неколку претставници на локалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
