Daily news
Србија со протестна нота до Франција: Одлуката за Харадинај е срамна и политичка
Премиерот на Србија и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека одлуката на Франција е срамна, скандалозна, неправедна и пред сè политичка. Затоа денеска Србија ќе упати протестна нота до Франција, а нашиот амбасадор во Париз ќе биде повикан на консултации во Белград.
Поради одлуката на Апелациониот суд да го ослободи лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, наместо да го екстрадира во Србија, Вучиќ попладнево ќе разговара по телефон со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, но и со други државници.
„Србија ќе продолжи да ги гони сите кои направиле воени злосторства бидејќи тие не застаруваат“, рече Вучиќ и им порача на граѓаните на Србија „да одат со крената глава по улица зошто не се тие што се понижени и поразени туку тие што ја донеле спорната одлука“. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
