Контакт

Daily news

Средба на Алаѓозовски со бугарскиот колега Банов

Објавено пред

Во рамки на дводневната посета на Република Бугарија на делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, на 20 и 21 јуни 2017, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со министерот за култура на Република Бугарија, Боил Банов.

На средбата беше посочено дека соработката во областа на културата има традиционален карактер и е регулирана со Спогодбата за културна соработка меѓу Владите на двете земји од мај 2000 година, како и со Програмите меѓу двете министерства, кои се потпишуваат на три години. Во тој контекст, министрите за култура најавија дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017 – 2019 година ќе се потпише во текот на есента.

Алаѓозовски и Банов разговараа за соработката, која се одвива во сите дејности од културата. Бугарскиот министер Банов се заложи посебен акцент во идните односи да биде ставен на културниот туризам. Министерот Алаѓозовски истакна дека треба да се унапредат и билатералните проекти, кои се поддржуваат од програмите на Европската Унија. При тоа, тој посочи дека капацитетот на македонско-бугарските партнерства не е искористен во мултилатералните проекти, кои се финансираат од програмата на ЕУ „Креативна Европа“.

Освен на билатерален план, двете земји остваруваат одлична соработка и на мултилатерален план, како членки во Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, во Советот на министри од Југоисточна Европа, а реализираат и заеднички проекти во рамките на соработката со УНЕСКО. Во оваа смисла, Алаѓозовски му ја изложи на својот бугарски колега идејата Советот на министри да се развие по добриот пример на Нордискиот совет на министри за култура, кои имаат и заеднички канцеларии и фонд за поддршка на проекти.

На средбата се разговараше и за Иницијативата „16+1“ на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, при што министерот Алаѓозовски побара од министерот Банов и Република Бугарија да ја дадат својата поддршка за предлогот идниот Координативен центар за културна соработка меѓу овие земји да биде востановен во Скопје. Алаѓозовски информираше дека досега поддршка за отворање на овој Центар во Скопје е добиена од 10 држави, и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Естонија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија и Унгарија, а дека сè уште не се изјасниле Бугарија, Хрватска, Чешка, Романија и Србија. Министерот Банов со задоволство ја поздрави иницијативата и рече дека ќе даде поддршка за овој предлог.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Путин: Русија продолжува да развива нуклеарни сили способни да пробијат секаков штит

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Московскиот институт за термотехника (МИТ), едно од клучните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс, каде...

Македонија43 минути

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија...

Македонија50 минути

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија надлежните

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во...

Македонија1 час

Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации...

Македонија1 час

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен...

Македонија2 часа

Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот...

Македонија2 часа

Мицкоски вчера прв пат му се јавил на државниот јавен обвинител: Савески за одлуката за мазутот дознал по нејзиното донесување

Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера прв пат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот...

Македонија2 часа

Филков за запирање на истрагата за мазутотoт: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем,...

Култура3 часа

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со...