Контакт

Daily news

Стотина доброволци се бореа со огнената стихија за да го спасат манастирот Трескавец

Објавено пред

Изгаснат е силниот пожар кој синоќа гореше околу Трескавец и повеќе нема опасност за манастирскиот комплекс, ова денеска го соопштија од противпожарната единица од Прилеп. По синоќешниот упатен повик веднаш се пријавиле над 100 доброволци кои пристигнале кај манастирот и кои храбро цела ноќ се бореле со огнената стихија. И во овој момент околу манастирот има распоредено поголем број на луѓе кои ќе останат таму и во наредните 24 часа за да случајно не се повтори пожарот.

dobivaj vesti na viber

Сликата над новите градски гробишта и под манастирот Трескавец е како од хорор филм, изгорена е површина од над 50-тина хектари. Освен овој пожар во Општина Прилеп активни се уште два други пожари кај населените места Крушевица и Никодим.

„Во текот на утринските часови пожарот околу пределот на манастирот Трескавец е веќе ставен под контрола, се работи на догасување на одредени терени кои се наоѓаат претежно во нискиот дел. Кон манастирот огнот е целосно изгаснат и непостои опасност за ова светилиште. Но догасувањето е важно исто како и самото гаснење така што ние ќе го чуваме ова место уште цели 24 часа. Што се однесува до другите 2 активни пожари, едниот во селото Крушевица имаме сознанија дека денеска имало надлетување од авионите од Дирекцијата за заштита и спасување. Има уште еден мал дел кој гори и мислам дека во текот на денот и тој пожар ќе биде ставен под контрола. Пожарот пак во село Никодим е во поразгорена фаза, има екипи кои гаснат, исто така има барање до Дирекцијата за заштита и спасување за делување со авиони. Тој пожар тешко ќе го ставиме денеска под контрола “, истакна Станко Колески, командир на ТППЕ – Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески им се заблагодари на сите доброволци кои синоќа учествуваа во гаснењето на пожарот околу манастирот Трескавец. Исто така Ристески упати голема благодарност и до против пожарната екипа од Прилеп чии припадници веќе 2 недели прават надчовечки напори за да се справат со огнените стихии кои ја зафатија Општина Прилеп.

„Во текот на ноќта страшна беше глетката околу манастирот, гореше на сите страни, навистина со крајни надчовечки напори на противпожарната едница, припадниците на јавните претпријатија, навивачите, жителите на селото Мажучиште, планинарите и другите доброволци се спречи и се локализираше овој пожар. Во околината на Прилеп во овие неколку недели имаме повеќе пожари предизвикани дали намерно или ненамерно, тоа треба да го утврдат надлежните институции. Јас ги повикувам сите надлежни фактори дека еднаш мора да се открие виновникот за пожарите кои се случуваат во Прилеп и Македонија, затоа што јас мислам дека поголем дел од пожарите се намерно подметнати. Со тоа се прави огромна материјална штета, изгорен е огромен дел од шумата, изгорени се белите дробови на Прилеп, а понекогаш овие катастрофи придонесуваат и до човечки жртви. Повикувам на совесно однесување на граѓаните надвор од населените места, да се придржуваат до забраната за да не се движат по пределите каде има шума, да не палат оган на отворено и сите оние кои ќе видат сомнителни лица да пријават веднаш во МВР и другите институции“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Градоначалникот Ристески истакна и тоа дека тие како локална самоуправа и понатаму будно ќе ја следат целата ситуација, а одредени приватни компании се понудиле со човечки ресурси и механизација доколку имало потреба за тоа. Исто така доколку имало потреба од поголеми интервениции ќе се известела и Дирекцијата за заштита и спасување за да се реагира со авиони и хеликоптери. Во Општина Прилеп причинета е огромна штета на  шумското богатство каде опожарени се над 500 хектари разновидна шума. За да одново се обноват овие дрвја потребни се да поминат повеќе од 40 години.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија7 часа

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа8 часа

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ9 часа

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа9 часа

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....

Економија10 часа

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот...

Економија12 часа

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Топ13 часа

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река. Во...

Македонија15 часа

Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика...

Македонија15 часа

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Членовите на македонскиот тим во заедничката мултидисциплинарна и експертска Комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за...

Свет16 часа

Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги...

Свет17 часа

Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа одговарајќи на критиките од Зеленски...

Македонија17 часа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на градот Скопје, обвини владејачкиот СДСМ....

Свет17 часа

Русија: Нуклеарката „Запорожје“ останува под наша контрола

Нуклеарната централа „Запорожје“ во Енергодар останува под руска контрола, соопшти градската управа. „Медиумите активно шират лажни вести дека Русија наводно...

Свет17 часа

Авион се заплетка во кабли на далновод, па над 120.000 луѓе останаа без струја во Мериленд

Мал приватен авион вчера се урна во високонапонски далноводи на 50-ина километри северно од Вашингтон. Ова доведе до голем прекин...

Македонија17 часа

Блокада на крстосницата кај „Мавровка“ поради протест на приватните превозници

Посебен сообраќаен режим утрово на булеварот Гоце Делчев и на булеварот Крсте Петков Мисирков и околните улици поради најавениот протест...

Свет1 ден

The Telegraph: Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф. Високи...

Европа1 ден

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како...

Европа1 ден

Енергоатом: Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја...

Топ1 ден

На нива почина 63 годишен струмичанец, удрил со главата во метална шипка

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с. Моноспитово-Струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со...